8-ми редовен Конгрес

КЕНАН ХАСИП РЕИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДЕМОКРАТСКАТА ПАРТИЈА НА ТУРЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Актуелниот претседател на Демократската партија на Турците во Македонија (ДПТМ) Кенан Хасип како единствен кандидат беше повторно избран за лидер на партијата. На 3 ноември во Центарот за Култура во Тетово Демократската Партија на Турците во Македонија го одржа својот 8-ми редовен Конгрес.

На конгресот кој се одржа во свечена атмосфера учествуваа гости и од Турција и тоа потпретседателот на владејачката Партија за правда и развој (АКП) Омер Челик, претседателот на Партијата за голема унија Мустафа Дестиџи и претседателот на турско-македонската парламентарна група за пријателство Хусејин Бурге.

8-от редовен Конгрес на Демократската партија на Турците во Македонија започна со синевизија, а потоа продолжи со интонирање на националните химни на Македонија и на Турција. Актуелниот Претседател на Демократската Партија на Турците во Македонија Кенан Хасип како единствен кандидат беше повторно избран за лидер на партијата.

Кенан Хасип во своето обраќање пред присутните информираше за активностите и резултатите во текот на неговиот четиригодишен претседателски мандат.

Потпретседателот на владејачката Партија за правда и развој (АКП) Омер Челик во своето обраќање истакна дека Турција со решителност ги брани целовитоста, суверенитетот и непроменливоста на границите на Македонија и рече: „Турција целосно духовно и од се срце е заедно со вас". Претседателот на Партијата за голема унија (ББП) Мустафа Дестиџи во својот говор истакна дека има голем број ценети личности кои од се срце се приврзани кон Балканот и дека еден од нив беше и покојниот лидер на Партијата за голема унија (ББП) Мухсин Јазиџиоглу.

ФИН. ИЗВЕШТАИ

Известувања

РАКОВОДИТЕЛИ

ДПТМ Twitter