info@tdp.org.mk  ·  +389 2 321 4053
TR MK EN
Почетна / Вести

Државниот министер и наш Генерален претседател Зулфикар Зејнула со две значајни функции од Владата

06.10.2026

Нашиот Генерален претседател на Турската демократска партија и државен министер, Зулфикар Зејнула, денеска на 217. седница на Владата презеде уште една значајна одговорност.

По предлог на премиерот Христијан Мицкоски и со одлука на Владата, нашиот почитуван Генерален претседател Зулфикар Зејнула ја презеде и функцијата државен министер задолжен за меѓународна соработка и странски инвестиции.

Во рамки на неговата нова функција, особено се очекува да работи на унапредување на односите со Турција и турскиот свет, зајакнување на меѓународната соработка и зголемување на странските инвестиции во Северна Македонија.

Турската демократска партија му честита на нашиот почитуван Генерален претседател Зулфикар Зејнула за новата функција и му посакува успех во извршувањето на оваа значајна одговорност.
← Вести