Претседателот на Турската демократска партија (ТДП) и државен министер, г. Зулфикар Зејнула, заедно со генералниот секретар на Партијата, г. Орхан Баров, денеска остварија официјална посета на градоначалникот на Општина Струмица, г. Петар Јанков.
На средбата беа разгледани барањата и потребите на припадниците на турската заедница кои живеат на територијата на Општина Струмица. Исто така, беше разменето мислење за можностите за реализација на заеднички проекти во наредниот период, преку соработка меѓу Министерството и Општината.
Во рамки на разговорот беше ставен акцент и на унапредувањето на локалната соработка и разгледувањето на активности насочени кон потребите на турската заедница.
Претседателот на ТДП и државен министер, г. Зулфикар Зејнула, и генералниот секретар, г. Орхан Баров, му се заблагодарија на градоначалникот на Општина Струмица, г. Петар Јанков, за гостопримството и конструктивниот пристап.
← Вести