info@tdp.org.mk  ·  +389 2 321 4053
TR MK EN
Почетна / Вести

Во рамки на официјалната посета на Република Туркије, нашиот претседател и државен министер, г. Зулфикар Зејнула, во Анкара оствари посета на советничката во Министерството за внатрешни работи на Република Туркије, г-ѓа Хатиџе Атан.

27.10.2026

На средбата беше ставен акцент на претворањето на силните пријателства што нашиот претседател ги градел во Туркије низ годините во конкретни форми на соработка меѓу нашите земји и институции. Особено се разговараше за регионалната безбедност, можностите за унапредување на соработката меѓу надлежните министерства, како и заедничките активности што би можеле да се реализираат под покровителство на министерствата.

Нашиот претседател, г. Зулфикар Зејнула, ѝ се заблагодари на г-ѓа Хатиџе Атан за нејзиниот пријателски пристап, посветеното внимание и искрената поддршка што ја покажува кон Северна Македонија.
← Вести