info@tdp.org.mk  ·  +389 2 321 4053
TR MK EN
Почетна / Вести

Нашиот претседател и државен министер, г. Зулфикар Зејнула, во рамки на официјалните посети на Република Туркије, оствари средба со министерот за трговија на Република Туркије, проф. д-р Омер Болат, во неговиот кабинет.

29.10.2026

Нашиот претседател и државен министер, г. Зулфикар Зејнула, во рамки на официјалните посети на Република Туркије, оствари средба со министерот за трговија на Република Туркије, проф. д-р Омер Болат, во неговиот кабинет.

На средбата беа разгледани можностите за понатамошно унапредување на економското и трговското партнерство меѓу Туркије и Северна Македонија, зголемување на меѓусебните инвестиции и развивање нови форми на соработка.

Посебно внимание беше посветено на целите за зголемување на обемот на трговската размена меѓу двете земји, ажурирањето на Договорот за слободна трговија, како и проширувањето на активностите на турските компании кои веќе имаат реализирано значајни инвестиции во Северна Македонија.

Исто така, по одржувањето на Бизнис форумот Туркије–Северна Македонија во Истанбул, беше разгледана заедничката определба следниот форум да се организира во Скопје, со цел поврзување на деловните заедници од двете земји и поттикнување нови инвестициски проекти.

Нашиот претседател, г. Зулфикар Зејнула, го истакна значењето на економската моќ и инвестициското искуство на Туркије за развојот на Северна Македонија, нагласувајќи дека една од неговите приоритетни цели е историското братство меѓу нашите земји да се преточи во конкретни инвестиции, нови работни места и долгорочни економски партнерства.

Нашиот претседател му изрази благодарност на министерот за трговија на Република Туркије, проф. д-р Омер Болат, за посебното внимание кон Северна Македонија, драгоцената поддршка што ја дава на нашата земја и конструктивниот пристап кон меѓусебната соработка.
← Вести