Со голема гордост и радост ја одбележуваме 103-годишнината од основањето на Република Туркије.
29 Октомври е најсилниот симбол на волјата за независност, единството и заедништвото на турскиот народ.
Силата и успесите на Република Туркије отсекогаш биле извор на гордост и сигурност и за турската заедница во Северна Македонија. Длабоко вкоренетите братски врски со нашата матична земја, како во минатото, така и денес, претставуваат наша најголема гаранција и потпора.
Со длабока почит, благодарност и пиетет се сеќаваме на основачот на нашата Република, Гази Мустафа Кемал Ататурк, и на сите херои на нашата борба за независност.
Нека ни е честит 29 Октомври – Денот на Републиката! 🇹🇷
Турска демократска партија
← Вести