Делегација на Турската демократска партија присуствуваше на свечениот прием организиран по повод 103-годишнината од основањето на Република Туркије, чиј домаќин беше амбасадорот на Република Туркије во Скопје, г. Алпер Акташ.
На свечениот прием присуствуваа и претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието, што претставуваше силен одраз на пријателските и братските врски меѓу двете земји.
Како Турска демократска партија, со голема гордост и радост ја одбележуваме 103-годишнината од основањето на нашата матична земја, Република Туркије, и уште еднаш ја истакнуваме нашата посветеност на зачувувањето и пренесувањето на длабоко вкоренетите братски односи и силните врски меѓу Туркије и Северна Македонија на идните генерации.
Нека ни е честит 29 Октомври – Денот на Републиката! 🇹🇷
← Вести