Нашиот претседател и министер во Владата, г. Зулфикар Зејнула, во рамки на официјалните посети на Република Туркије, оствари посета на претседателот на Дирекцијата за одбранбена индустрија при Претседателството на Република Туркије, проф. д-р Халук Ѓоргун, во неговиот кабинет.
На средбата беа разгледани постојните можности за соработка во областа на одбранбената индустрија меѓу Република Туркије и Република Северна Македонија, како две сојузнички земји во НАТО, како и конкретни чекори за унапредување на оваа соработка. Особено внимание беше посветено на областите во кои Северна Македонија може да ги искористи технолошките достигнувања, искуството и капацитетите на Туркије во одбранбената индустрија.
Нашиот претседател и министер во Владата, г. Зулфикар Зејнула, ја истакна важноста од зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете земји и во областа на одбранбената индустрија, упатувајќи благодарност до проф. д-р Халук Ѓоргун за срдечниот прием, укажаното внимание и конструктивните разговори.
← Вести