info@tdp.org.mk  ·  +389 2 321 4053
TR MK EN
Почетна / Вести

Нашиот претседател и државен министер, г. Зулфикар Зејнула, ги посети општините Центар Жупа и Маврово и Ростуше

11.11.2026

Нашиот претседател и државен министер, г. Зулфикар Зејнула, денеска, заедно со нашиот советник за образование, г. Зекерија Хасип, оствари посети на општините Центар Жупа и Маврово и Ростуше, во кои живее бројно турско население.

Во рамките на посетата на Општина Центар Жупа, нашиот претседател беше пречекан од градоначалникот г. Аријан Ибраим, членовите на Советот на Општината и општинската администрација. Во Општина Маврово и Ростуше, пак, беше пречекан од градоначалникот г. Онер Јакупоски, нашиот заменик-претседател г. Фикрет Ибраим и членовите на Советот на Општината.

На средбите беа разгледани актуелните потреби на општините, проектите за локален развој, како и проблемите со кои се соочуваат граѓаните.

Нашиот претседател истакна дека Министерството и во иднина ќе продолжи со конкретни активности насочени кон зајакнување на соработката со општините, поддршка на локалниот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните.
← Вести