info@tdp.org.mk  ·  +389 2 321 4053
TR MK EN
Почетна / Вести

Се зајакнува здравствената соработка меѓу Туркије и Северна Македонија

27.09.2026

Денес, во Скопје, под покровителство на нашиот пратеник, г. д-р Бејџан Иљас, со поддршка на ТИКА и под раководство на БИСАВ, беше одржана Средба за соработка меѓу кардиолошките и гастроентеролошко-хепатолошките здруженија на Туркије и Северна Македонија.

На средбата, која ги собра ценетите здравствени професионалци од двете земји, беа разгледани можностите за унапредување на размената на знаења и искуства, зајакнување на институционалната соработка во областа на здравството и подобрување на здравствените услуги што им се обезбедуваат на нашите граѓани.

Сметаме дека е од особено значење долгогодишното пријателство меѓу Туркије и Северна Македонија да се зајакнува преку конкретни соработки во областа на здравството, која непосредно влијае врз животот и благосостојбата на луѓето.
← Вести