Saygıdeğer kamuoyu,
Ülkemizin Avrupa Birliğine üyelik müzakereleri kapsamında Bulgaristan devletinin vetosunu aşmak üzere dönem başkanlığını yürüten Fransa’nın sunmuş olduğu teklif ile ilgili görüşlerimizi paylaşmak isteriz.
Son 20 yıldır ülkemizin imzalamış olduğu birçok anlaşmada olduğu gibi, Fransa Teklifinin görüşülmesi ve değerlendirilmesi için Kuzey Makedonya Meclisi çatısı altında siyasi parti temsilcilerinden oluşturulan çalışma grubuna bu ülkenin en büyük üçüncü halkı olan Makedonya Türklerinden siyasi temsilci davet edilmemesi sayıca daha az olan halklara verilen önem ve değeri somut bir şekilde ortaya koymaktadır. Ne yazık ki bu gibi tutum ve davranışlar AB üyesi olma yolunda mesafe katetmek isteyen bir ülkenin büyük bir boşluk ve çelişki içerisinde olduğunun çok net göstergesidir. Sayıca daha az olan halkların her alanda ve her anlamda haklarının korunması, iyileştirilmesi ve geliştirilmesi Avrupa Birliğinin temel ilke ve prensiplerindendir. Makedonya Türkleri olarak beklentimiz gerek hükümet gerekse muhalefet kanadının bu konuda daha özenli olması ve multietnik yapıya sahip ülkemizin örnek teşkil etmesini sağlayacak uygulamalara imza atmasıdır.
Fransa Teklifinin kamuoyuyla paylaşılmasından sonra hükümet ve muhalefet arasında başlamış olan sert tartışmalar halk nezdinde farklı bir boyut almış ve meydanlarda tasvip etmediğimiz olayların yaşanmasına sebebiyet vermiştir. Ülkemizde birçok farklı milletin yaşadığı gerçeğini gözardı etmeden ve bu konudaki dengelerin çok ama çok hassas olduğunun bilincinde olarak, söz ve eylemlerin bu ilişkilere zarar vermeyecek şekilde dile getirilmesi zaruridir. Yeni bir iç karışıklığa fırsat vermemek adına tüm siyasi parti temsilcilerinin ve kanaat önderlerinin bu konuda daha hassas ve dikkatli davranmaları ülkemizin geleceği ve istikrarı için hayati öneme sahiptir. Ülkeye tekrardan nifak tohumları ekmek isteyen fitnecilere fırsat verilmemelidir.
Fransa Teklifinde yer alan bazı maddelerin özellikle Makedon asıllı vatandaşlarımızı rahatsız ettiği ve bu maddelerin tekliften çıkarılması veya düzenlenmesi gerekliliği muhalefet kanadı tarafından dile getirilmiş ve ısrarlı bir şekilde buna vurgu yapılmaktadır. Ülkemizin geleceğini belirleyecek olan hayati bir sürecin içerisindeyiz. Süreci başarılı ve hasarsız bir şekilde yürütebilmek ve sonlandırmak için ‘’Geniş bir uzlaşmaya’’ ihtiyaç duyulduğu aşikardır. Toplumun tüm kesimlerinin hassasiyetlerini gözönünde bulundurmak ve seslerine kulak vermek zorundayız. Acele edilmeden teklifin tüm detaylarıyla incelenmesi, değerlendirilmesi, farklı kesimlerin görüşlerinin alınması ve ‘’Geniş bir uzlaşma’’ ile diyalog yoluyla çözüme kavuşturulması en büyük arzumuzdur.
Ülkemiz NATO üyeliğinden sonra AB ülkesi olma yolunda adımlarını hızlandırmış ve bu uğurda üstüne düşen sorumlulukları yerine getirmeye devam etmektedir. Ülkemizin bu girişim ve çabaları sonuçsuz kalmamalı ve AB tam üyeliği hedefinden başka bir hedef gözetilmemelidir. Ülkemizin kalkınması, refahı, güvenliği ve ekonomik özgürlüğü AB yolundan geçmektedir. Bu uğurda herkesin sorumluluk üstlenmesi ve üstüne düşeni yapması elzemdir.
***********************************************
Во рамките на претпристапните преговори за членство на нашата земја во Европската Унија, би сакале да ги споделиме нашите ставови околу предлогот на Франција која до скоро претседаваше со Европската Унија, со цел да се надмине ветото на Република Бугарија.
Во последните 20 години нашата земја е потписник на повеќе меѓународни договори. Како трет по бројност народ ние Турците на Република Северна Македонија никогаш не сме имале политички претставници во Собраниските работни групи, кои расправале и вршеле евалуација на многу битни прашања кои биле од интерес на нашата заедничка држава. За жал никогаш не сме имале политички претставници во овие работни групи кога се дискутирало и за многу битни закони кои биле од интерес на сите граѓани или кога било од значење за мултиетничкиот карактер на државата (пр.Изборен законик). Во целиот изминат период за жал ниту еден претседател на собрание не превзел иницијатива во овие работни групи да членуваат политички претставници од помалубројните заедници. За жал ваквите ставови и политички практики за земја која се стреми да стане членка на ЕУ е голема контрадикторност. Заштитата, унапредувањето и развојот на правата на помалубројните заедници и нивната вклученост во политичкото секојдневие е една од најбитните принципи на ЕУ.
Затоа ние како Турци на Република Северна Македонија во овие тешки денови очекуваме од владеачката коалиција и од партиите во опозицијата да бидат повнимателни околу прашањето за ветото и околу предложените решенија со цел да се спроведат практики кои ќе бидат пример за нашата мултиетничка држава.
По споделувањето на Фанцускиот предлог со јавноста, острите дискусии што започнаа помеѓу власта и опозицијата и говорот на омраза во социјалните мрежи доби поинаква димензија и предизвика несакани настани кои не се прифатени од страна на поголемиот дел од граѓаните. Не треба да се заборави и да се занемари фактот дека во нашата земја живеат многу различни народи и дека е многу тешко да се постигне рамнотежа околу ова прашање и дека употребените зборови и постапки треба да се изразат на начин што нема да му наштети на мултиетничкиот карактер на државата. Од витално значење за иднината и стабилноста на нашата земја е тоа дека сите претставници на политички партии и личности кои имаат влијание врз јавното мислење, треба да дејствуваат почувствително и повнимателно за да се спречат нови внатрешни превирања, со тоа што нема да се даде можност за предизвикување меѓуетничка омраза и поголем раздор во државата.
Опозиционите партии упорно потенцираат дека некои точки од Францускиот предлог ги вознемирува нашите сограѓани Македонци и дека тие точки треба да се допрецизираат или да се отсранат од предлогот. Свесни сме дека како држава поминуваме низ еден тежок и значаен период. Очигледно е дека е потребен поширок консензус за да успешно и без последици се надмине оваа политичка криза. Мораме да имаме во предвид дека овие прашања се чувствителни и дека гласот на сите сегменти на општеството треба да допре до сите нас. Нашата најголема заложба треба да биде внимателно да го испитаме и да го оцениме предлогот во сите детали и да бараме пошироко мислење од сите сегменти на општеството и по ова прашање да постигнеме широк консенсуз.
Нашата држава после зачленувањето во НАТО треба да ги забрза своите чекори за полноправно членство во ЕУ и да продолжи со исполнување на превземените обврски и реформи во сите свери.
Сите наши иницијативи и заложби не треба да имаат друга цел освен полноправно членство во ЕУ. Сите сме свесни дека севкупниот развој, благосостојбата, безбедноста а особено економскиот развој на нашата земја е можна само со полноправно членство во ЕУ. Затоа превземањето на одговорност и реализацијата на превземените обврски се од суштинско значење за нашите заеднички заложби за полноправно членство во ЕУ.