Барање за слободен пристап до информации од јавeн карактер до политичка партија може да поднесе секое домашно или странско физичко или правно лице, и тоа за информациите кои се однесуваат на приходите и расходите на партијата. Листа на информации од јавен карактер е достапна тука. Пристапот до информацијата може да се побара писмено или усно.
За поднесување на барање по писмен пат потребно е да се пополни Барање за пристап до информации од јавен карактер во утврден образец (ЛИНК).
ДПТМ или да се достави електронски по е-пошта: (Службено лице за посредување со информации од јавен карактер: E-mail: info@tdp.org.mk)
Најдоцна во рок од 20 дена политичката партија треба да достави одговор до барателот по поднесеното барање за слободен пристап до информации.
Барателот има право на жалба до Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во рок од 15 дена од денот на приемот на одговорот на барање, односно 15 дена од истекот на рокот за одговор на барањето.
Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 101/2019), член 1 и 9 од Упатството за начинот на спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Бр. 01-158/1 од 04.03.2020г.) партијата ДПТМ подготви и објавува:
1) Информации кои се однесуваат на дејствувањето на политичката партија, а се утврдени со законите во Република Северна Македонија и актите на политичката партија.
2) Основни податоци за контакт со политичката партија и тоа: назив, адреса, телефонски број, број на факс, мејл адреса и адреса на интернет- страницата;
3) Биографии за Претседателот на ДПТМ , членови на управен одбор на ДПТМ , членови на централно собрание на ДПТМ, членови на надзорен одбор на ДПТМ, ограноци на ДПТМ , унија на Млади на ДПТМ и унија на Жени на ДПТМ.
4) Основни податоци за контакт со службеното лице за посредување со информации во политичката партија и тоа: име и презиме, мејл адреса и телефонски број;
5) Законите со кои се уредува начинот, условите и постапката за основање, регистрирање и престанок на политичките партии; со кои се уредува начинот и постапката на обезбедување на финансиските средства, располагањето со средствата за тековната работа и дејствувањето на политичката партија, како и начинот на контрола на финансирањето и финансиско-материјалното работење на политичките партии; со кои се уредува начинот на формирањето, организацијата, функционирањето и финансирањето на партиските истражувачко-аналитички центри при политичките партии, како и Закон за учество на Избори, законот за водење сметководство на непрофитни организациии, законот за заштита на личните податоци и законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси
• Закон за политички партии
• Закон за финансирање на политичките партии
• Закон за Партиско истражувачко аналитички центри
• Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер
• Изборен законик
• Закон за сметководството на непрофитните организации
• Закон за заштита на лични податоци
• Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси
6) Информации кои се однесуваат на приходите расходите за редовно работење на ДПТМ
7) Информации кои се однесуваат на приходите расходите за изборни кампањи каде ДПТМ учествува самостојно или е дел од Коалиција.
* Локални Избори Август 2022 за Советот на општина Тетово
* Локални Избори Август 2022 за Градоначлник во општина Центар Жупа
*Локални Избори Април 2022 за Градоначалник во опшстина Центар Жупа
*Локални Избори 2021
8) Информации кои се однесуваат по обврски од Законот за слободен пристап до информации