Статут на партијата

СТАТУТ НА ДЕМОКРАТСКАТА ПАРТИЈА НА ТУРЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

 

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

 

Член 1

Демократската Партија на Турците на Македонија (во понатамошниот текст ДПТМ) е самостојна политичка партија на доброволно здружени членови која се основа и дејствува заради остварување на следните цели и задачи:

- Опстојување и развивање на Р. Македонија како држава на рамноправни граѓани во која секој поединец ќе има еднакви можности да обезбеди пристоен и безбеден живот,

- за правна држава и владеење на правото како и изградба на силни институции способни да обезбедуваат максимална заштита на индивидуалните права и слободи на своите граѓани, независно од нивната етничка, верска, политичка, полова или друга припадност. Поради тоа секое нечовечко и понижувачко однесување и секој облик на мачење ќе го третира како злочин против човештвото и ги отфрлува,

- чување и унапредување на вредностите на парламентарната демократија и  пазарната економија,како и правилна распределба на створените вредности и обврски,

- јакнење на секуларниот карактер на државата како и нејзините социјални функции, со цел да се обезбеди поправилна распределба на националното богатство, 

- принципиелна и чиста политика кон припадниците на сите заедници преку која ке се остваруваат и правата и слободите на Турците во областа на образованието, културата издавачката дејност информативните дејности и употребата на Турскиот јазик и писмо,

- соодветна и правична застапеност на Турците и граѓаните кои припагаат на другите заедници во органите на државата и другите јавни институции на сите нивоа,

- модерен образовен систем преку кои ке се едуцираат карактерни и чесни генерации, стручно и културно издигнати, отворени за нови идеи, способни за нови научни и технолошки достигнувања, спремни за заштита на интегритетот на земјата под секакви услови, високо морални и лојални на државата,

- континуирана и стабилна надворешна политика преку која ке се обезбеди забрзано интегрирање на Р. Македонија во Европската Унија и Евро-Атлантските безбедносни структури,

- соодветно вреднување на историското минато на Турците, унапредување и заштита на историските и културните вредности и нужно следење на одредени настани од заедничкото минато,

- зачувување и заштита на националниот идентитет, вредностите и достоинството на Турците во Р. Македонија,

- како потреба за заштита на мултиетничкото и мултикултурното ткиво на општеството, борба против сите видови шовинистички појави, за афирмација на сожителството и заедничкиот интерес на Турците и припадниците на другите заедници во суверена и единствена Македонија,

- спроведувње на политика на потенцирање на силината на жената во општеството, динамиката на младите, социјалната сигурност на пензионерите и старите лица како и заштита на инвалидите и сиромашните,

- соработка со организациите и институциите на Турците во  Републиката и во Балканските земји, со клубовите и организациите на иселениците или привремено вработените во странство и со државните органи, институциите и поединци од Република Турција,   

Во остварувањето на програмските активности ДПТМ ке соработува со политички партии  здруженија, државните органи и други институции во Републиката.

 

Член 2

Демократската Партија на Турците на Македонија е правно лице со седиште во Скопје на ул. Стив Наумов бр. 1.

Во натамошната активност и во правниот промет освен целосниот назив ќе се користи и кратенката од името на ДПТМ.

 

Член 3

ДПТМ има службен печат со тркалезна форма и штембил со правоаголна форма со назив Демократска Партија на Турците на Македонија. Во средината на печатот и на левата страна на штембилот е втиснат амблемот на партијата.

Амблемот има црвена подлога во чиј центар се наога бела полумесечина. Внатре во полумесечината со големи букви е испишано ТДП ( на латиница и преставуваат почетни букви од оригиналниот назив на партијата).

Во продолжение на краците на полумесецот и буквите  ТДП се наога ѕвезда (петокрака).

Симболите внесени во амблемот ке бидат вградени и во знамето на партијата.

Описот на знамето и амблемот е дадено во нацрт 1 кој е составен дел на овој член (прилог нацрт 1).

Партијата има и своја химна која ке се одредува по пат на конкурс.

 

Член 4

ДПТМ делува преку своите организациони облици, органи и работни тела, избрани лица на парламентарни и локални избори и лица избрани или именувани од страна на Собранието на Р.Македонија, Владата на Р.Македонија и Oдбори на Управни и Јавни организации, преку активноста на своите членови, преку соработка со други организации како и преку други форми и начини на делување врз јавното мислење.

ДПТМ може да воспостави разни видови на соработка вклучувајки ја и коалицијата со други политички партии и здруженија во Р. Македонија и да остварува меѓународна соработка која не е во спротивност со законот и уставот.

 

 

Член 5

Работата на ДПТМ е јавна.

За остварување на јавноста се грижи Централниот Управен одбор на партијата.

За одредени внатрешни прашања органите на ДПТМ можат да донесат одлука за исклучување на јавноста.

 

Член 6

Во работата на ДПТМ се употребуваат Турскиот јазик и писмо. Во работата на ДПТМ може да се употребува и македонскиот јазик и писмо како и другите јазици и писма. 

 

Член 7 

Претседателот на ДПТМ ја претставува и застапува партијата во рамките на нејзината редовна активност во земјата и во странство.

Во услови на спреченост или отсуство на претседателот на ДПТМ со одлука на претседателот партијата може да ја претставува еден од подпретседателите или друго лице од редот на членовите на Централниот Управен Одбор.

 

 

II. ЧЛЕНСТВО

а. Прво Зачленување

Член 8 

Членувањето во ДПТМ е врз основа на принципот на доброволност.

Член на ДПТМ може да стане секој полнолетен граѓанин - државјанин на Р. Македонија кој ќе потпише пристапна изјава (пристапница за членување).

Со потпишување на пристапната изјава членот ги прифаќа Програмата и Статутот на партијата.

Потпишаната пристапна изјава подносителот ја доставува до подружницата  која на првиот состанок ја разгледува и донесува одлука во врска со нејзината верификација.

Доколку потпишаната пристапна изјава е доставена до повисоките органи на партијата тие ја препраќаат до подружницата на населеното место каде живее граѓанинот, која на својот прв состанок ја разгледува и донесува одлука во врска со нејзината верификација.

Доколку подружницата не го верификува приемот во членство подносителот на пристапната изјава има право на жалба во рок од 15 дена до повисокиот орган на ДПТМ,чија одлука е конечна.

Граѓаните кои не се полнолетни можат да учествуваат во културните и младинските активности на партијата.

Лицата кои стекнале право на членство можат да  се ангажираат во ограноците на Активот на жените, а лицата под 30 годишна возраст во ограноците на Младинскиот Форум на ДПТМ.

ДПТМ може да има и почесни членови.

 

Член 9 

Во ДПТМ право на членство немаат граѓаните:

- кои не се државјани на Р. Македонија,

- кои членуваат во друга политичка партија,

- на кои им е одземена деловната способност со судска одлука,

- кои се осудувани за тешки кривични дела 

-со судска одлука да не му е изречена мерка забрана за вршење на политичка дејност.

б. Повторно зачленување 

 

Член 10 

Ако членството во ДПТМ е прекинато од било кои причини за повторното зачленување одлучува Управниот одбор на Собранието на соодветната организациона единица.

 

в. Евиденција на членството

 

Член 11

Секој член на ДПТМ се евидентира во партискиот регистар на ДПТМ. Поблиски одредби за содржината и начинот на евидентирањето се утврдува со посебен правилник.

 

г. Права кои произлегуваат од членството на ДПТМ

 

Член 12

Членот на ДПТМ ги има следните права:

- да учествува во градењето и остварувањето на политиката на партијата,

- да дава идеи и предлози кои се во согласност со Статусот и програмските определби на партијата,

- да избира и да биде избран во Органите на партијата,

- да биде кандидат на партиските листи за локалните и парламентарните избори,

- да биде член само на една подружница на партијата,

- да има солидарна и правна помош од партијата во случај на повреда на неговите права поради членувањето во неа

 

 д.Обврски кои произлегуваат од членството во ДПТМ

 

Член 13

Членот на ДПТМ ги има следните обврски:

меѓусебно почитување и почитување на статутот и програмата на партијата,

да ги почитува партиските одлуки , да ги прифаќа дадените задачи и да ја почитува партиската хиерархија   

- д ги пропагира партиските цели, идеи и принципи,

активно да учествува на изборите и да гласа за кандидатите на ДПТМ,

- да се воздржува од недолично однесување ,

редовно да дава материјална подршка на партијата во вид на планирана и други облици на помош.

 

ѓ. Престанок на членството и бришење од партискиот регистар

 

Член 14

Членувањето во ДПТМ престанува поради:    

- смрт,    

- оставка (од денот на поднесувањето на писмена изјава за истапување или со констатирање на престанок на неговото членство),    

- поднесување барање за членство во друга политичка партија,(од денот на поднесувањето на барањето),

- кандидирање на локални и парламентарни избори од листа на друга политичка партија,    

- исклучување од партијата

 

е. Исклучување од членство во партијата

 

Член 15

Членот може да биде исклучен од партијата:    

- доколку со своето политичко однесување работи спротивно на Статутот и Програмата на партијата,    

избран или именуван функционер на ДПТМ на централно и на локално ниво доколку со своето поведение работи спротивно на статут и програмата на партијата,

- доколку со своето недолично однесување го урива угледот на партијата. 

Одлука за исклучување донесува Управниот одбор на Собранието на соодветната организациона единица. 

Одлуката задолжително му се доставува на членот во писмен облик или на веб локацијата на партијата во рок од 15 дена од донесувањето на одлуката. 

Членот има право на жалба во рок од 15 дена до Централниот  Управен одбор на ДПТМ. 

Членот кои што е исклучен од членството во  Централното Собрание или Централниот Управен одбор или со нивна одлука е избран за пратеник во Собранието на Р. Македонија или функционер во извршната власт има право на жалба во рок од 15 дена до Надзорниот одбор на ДПТМ, чија одлука е конечна. 

 

III. ОРГАНИЗАЦИОНА СТРУКТУРА И ОРГАНИ НА ДПТМ

Член 16

Основен принцип во организирањето на ДПТМ е територијалниот принцип.

 

Член 17

ДПТМ е организирано во следните облици на дејствување:    

- основни организациони единици.     

- други организациони облици. 

Основните организациони единици ги сочинуваат:    

- подружниците,    

- општинските организации,    

- републичка организација на ДПТМ. 

Другите организациони облици ги сочинуваат:    

- Активот на жените на ДПТМ,    

- Младински демократски форум на ДПТМ,   

Организациони единици на ДПТМ во странство.

Одлука за организирање на Активот на жените на ДПТМ, Младинскиот демократски форум на ДПТМ, Организациони единици на ДПТМ во странство и слични организациони единици донесува Централниот Управен Одбор на ДПТМ.

 

а. Подружница на партијата

 

Член 18

Подружницата е основниот организационен облик на поврзување на сите членови на определена месна заедница, населба или населано место. 

Одлука за основање на подружница донесува Централниот Управен одбор на иницијатива од најмалку 5 членови на партијата од соодветната месна заедница, населба или населено место што е истовремено и минималниот број на членови за основање на подружница.

 

 

Член 19

Членовите на подружницата одржуваат изборен состанок. 

Подружниците кои бројат над 50 членови задолжително избираат:    

- Претседател на подружницата,    

- Собрание на подружницата од 27 до 29 члена,    

- Управен одбор од 11 члена,    

- Секретар (од редот на членовите на Управниот одбор)     

- Благајник. 

Управниот одбор се бира на седница на Собрание на подружницата од редот на членовите на Собранието на предлог на претседателот на подружницата. 

Собранието на подружницата може да го овласти претседателот, најмногу 1/3 од членовите на Управниот одбор да не се од редот на членовите на Собранието на подружницата.

Советниците избрани од листитите на ДПТМ се членови по функција на Управниот одбор на подружницата од каде се делегирани, 

Подружниците кои бројат под 50 членови избираат:    

- Председател на подружницата,    

- Управен одбор на подружницата од 9 члена,    

- Секретар (од редот на членовите на Управниот одбор)     

- Благајник. 

Доколку подружницата брои 9 члена сите членови се воедно и членови на Управниот одбор. 

Изборот на членовите на органите и носителите на функции во органите на подружницата се врши со тајно гласање. 

Во подружниците кои бројат над 500 членови изборот на органите и носителите на функции на подружницата се врши по делегатски принцип.

На секои 5 члена се избира по 1 делегат.

Утврдување на бројот на делегатите го врши собранието на подружницата, со мнозинство гласови од вкупниот број на членови на Собранието.

По изборот на членовите на Собранието на подружницата, Собранието го избира претседателот со мнозинство гласови од вкупниот број на членови на Собранието.

На предлог на претседателот на подружницата Собранието го избира Управниот одбор, секретарот и благајникот на подружницата.

Изборот на членовите на ограните и носителите на функции во органите на подружницата се врши со тајно гласање.

Избрани се оние кандидати кои добиле најголем број на гласови, но притоа мора да имаат повеке од половината на гласови од вкупниот број на членови на избирачкото тело.

Мандатот на избраните лица трае 4 години и не е ограничен.

 

Член 20 

Седниците на Управниот одбор и Собранието на подружницата ги свикува и со нив раководи претседателот на подружницата. 

Претседателот на подружницата по потреба може да овласти член на Управниот одбор да свикува и да раководи со седницата на Управниот одбор.  Управниот одбор или Собранието на подружницата може полноважно да расправа и донесува одлуки доколку на нејзините состаноци присуствуваат повеке од половина членови на Управниот одбор или Собранието. 

Одлуките, ставовите или предлозите на состаноците на Управниот одбор и Собранието на подружницата се усвојуваат со мнозинство гласови од присутните.

 

Член 21

Претседателот и Управниот одбор на подружницата се должни во соработка со Општинската организација, да обезбедат услови за остварување на правата и обврските на членовите што произлегуваат од овој Статут и Програмата на ДПТМ. 

Претседателот на подружницата е должен за донесените одлуки, ставови и предлози да ги информира повисоките органи на партијата

 

Член 22

Секретарот на подружницата на ДПТМ:    

- Се грижи за извршувањето на одлуките, ставовите и заклучоците на органите на подружницата,    

- ги подготвува состаноците на органите на подружницата,    

- учествува во градењето на политиката на ДПТМ,   

- се грижи за кадровските прашања на подружницата. 

Мандатот на секретарот на подружницата трае 4 години и не е ограничен

 

б. Општинска организација на ДПТМ и нејзините органи 

 

Член 23

Општинската организација на ДПТМ е облик на поврзување на подружниците односно на членството, во рамките на подрачјето на општината. 

Одлука за основање и престанок на дејствување на Општинската организација донесува Централниот Управен одбор на ДПТМ. 

Подрачјето на дејствување на Општинската организација  не мора да се поклопува со административно територијалната поделба на Р. Македонија. 

Доколку во одредени општини нема услови за организирање на подружниците во Општинска организација, тие подружници ке се приклучат на најблиската Општинска организација на ДПТМ. 

Секоја Општинска организација може да има свој печат, штембил и жиро сметка.

 

Член 24

Општинските организации имаат право на приходи, врз основа на правилник за материјално финансиско работење што го донесува Централниот Управен одбор на ДПТМ.

 

Член 25

Органи на Општинската организација  на ДПТМ се: Собрание, Претседател, Потпретседател,Управен одбор и Надзорен одбор.

 

Член 26

Собранието е највисок орган на Општинската организација, кој се состои од 37 до 45 члена и ја сочинуваат:

претседателот на Општинската организација,    

- потпретседателот на Општинската организација ,    

- членовите на Управниот  одбор, освен оние кои не се избрани од составот на Собранието на Општинската организација,     

- надзорниот одбор на Општинската организација,    

- по еден делегат на определен број членови од подружниците, утврден со одлука за свикување на Собранието, 

- советниците на ДПТМ во Советот на Општините,     

- членовите на Централниот управен одбор на ДПТМ, Надзорниот одбор на ДПТМ, пратениците, министрите, замениците министри од соодветната Општинска организација на ДПТМ.

 

Член 27

Собранието на Општинската организација се свикува најмалку еднаш годишно, со одлука на Управниот одбор на Општинската организација, а секоја четврта  година се состанува на изборна седница. 

Собранието се свикува задолжително пред локалните и парламентарните избори, со цел да се предложат кандидати за органите на локалната самоуправа и кандидати за Републичкото Собрание. 

Собранието задолжително се свикува по изборите заради анализа на изборните резултати и изјаснување за довербата во избраните органи на Општинската организација, согласно изборните резултати. 

Управниот одбор го свикува Собранието и по барање на Претседателот на ДПТМ и Надзорниот одбор или најмалку 1/3 од подружниците. 

Собранието на Општинската организација, може да ја свика и Претседателот на ДПТМ или Надзорниот одбор на Општинската организација, доколку Управниот одбор во рок од три месеци не постапи во согласност со став 2 и став 3 на овој член. 

Одлуката за свикување на Собранието се објавува најмалку 10 дена пред денот на нејзиното одржување а во случај на итност тој рок може да биде и пократок. 

Мандатот на членовите на Собранието кои се избрани од подружниците за изборната седница на Собранието трае 4  години.  Мандатот на членовите со кои се прават измени и дополнување во составот на Собранието е во рамките на четири годишниот мандат на целото Собрание на Општинската организација.

 

 

 

Член 28

Собранието на Општинската организација:    

- Учествува во градењето и остварувањето на Програмата на партијата,    

- избира претседател на Општинската организација ,    

- избира членови на Управниот одбор и еден потпретседател на Општинската организација,на предлог на Претседателот на Општинската организација,   

- предлага делегати за Централното Собрание на ДПТМ, според одлуката за составот на тоа Собрание,    

- предлага кандидати за органите на ДПТМ,

- предлага кандидати за органите на единиците на локалната самоуправа, и кандидати за пратеници за Собранието на Р. Македонија,

- расправа за извештаите на органите на ДПТМ, -донесува деловник за својата работа,

- по потреба разгледува и други прашање поврзани со работата на партијата     

 

Член 29

Претседателот на Општинската организација:    

- Ја претставува и застапува Општинската организација,    

- раководи со Општинската организација, меѓу седниците на Управниот одбор,    

- ги свикува и раководи со седниците на Управниот одбор на Општинската организација,     

- за донесените одлуки ставови и заклучоци ги информира повисоките органи на партијата,    

- извршува и други работи што му се ставени во надлежност во деловникот за работа и со посебни одлуки и акти на Управниот одбор на Општинската организација, и на другите органи на партијата.   

Мандатот на претседателот трае 4 години со право на уште еден избор. 

 

Член 30

Управниот одбор на Општинската организација  на ДПТМ го сочинуваат:       

- Претседател на  Општинската организација,         

- потпретседател на Општинската организација  и 11 члена на Управниот одбор што на предлог на претседателот на Општинската организација , го избира Собранието.  

Собранието на  Општинската организација, може да го овласти претседателот  најмногу 1/3 од предложените членови на Управниот одбор да не се од редот на членовите на Собранието на Општинската организација  на ДПТМ.  

Управниот одбор на Општинската организација од својот состав избира секретар.  

Мандатот на членовите на Управниот одбор на  Општинската организација , на потпретседателот и на секретарот трае 4 години со право на повторен избор.  

На седниците на Управниот одбор на  Општинската организација, се покануваат Градоначалникот на локалната самоуправа доколку е од редовите на ДПТМ, координаторот на советничката група на ДПТМ во Советот на Општината, претседавачот на Советот на Општината доколку е од редот на ДПТМ, претседателот на Надзорниот одбор на Општинската организација  на ДПТМ, членовите на Централниот Управен одбор и пратениците од соодветната Општинската организација,  без право на одлучување.

 

Член 31

Управниот одбор на  Општинската организација:    

- Раководи со Општинската организација,  меѓу две Собранија,    

- се грижи за извршување на одлуките на Собранието и на повисоките органи на партијата,    

- дава политички оценки и потврдува политички ставови,    

- донесува Деловник за својата работа,    

- донесува одлуки за основање на интересовни облици на организирање на општинско ниво,   

- расправа и решава за други прашања што се во негова надлежност,и што произлегуваат од програмските и статутарни одредби на партијата.  

 

Член 32   

Седниците на Управниот одбор ги свикува и со нив раководи претседателот на Општинската организација.  

Во отсуство на претседателот, седниците на Управниот одбор ги свикува и со нив раководи потпретседателот на Општинската организација, секретарот или друг член на Управниот одбор доколку е тоа предвидено со Деловникот за работа.  

 

Член 33  

Правата и обврските на Претседателот на Општинската организација, Потпретседателот, Секретарот и членовите на Управниот Одбор се уреедуваат со Деловник.    

 

Член 34 

Надзорниот одбор на Општинската организација, се состои од 3 члена.  

Надзорниот одбор од својот состав избира Претседател на одборот. Мандатот на претседателот и на членовите на Надзорниот одбор трае 4  години со право на повторен избор.  

Седниците ги свикува и со нив раководи Претседателот на Надзорниот одбор.   Надзорниот одбор ја оценува статутарноста на актите и на одлуките, ја контролира финансиската и деловната активност на Општинската организација, и на Собранието поднесува извештај за својата работа.  

Надзорниот одбор извршува и други работи предвидени со овој Статут и со одлуките на Собранието.

 

Член 35

Централниот управен одбор на ДПТМ може со своја одлука да формира регионални облици на поврзување и дејствување на Општинските организации.

 

IV. РЕПУБЛИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДПТМ И НЕЈЗИНИТЕ ОРГАНИ

Член 36

Органи на Републичката организација на ДПТМ се:   

- Конгрес,

- Централно собрание,    

- Претседател,    

- Генерален секретар,    

- Централен управен одбор и    

- Надзорен одбор.

 

Член 37

Конгресот на ДПТМ го сочинуваат:    

- Членови на Конгресот по функција,    

- Делегирани членови на Конгресот.  

Членовите на Конгресот по функција се:    

-Претседателот на партијата,    

- потпретседателите на партијата,    

-генералниот секретар на партијата,    

-членовите на Центрелното Собрание, Централниот Управен одбор и Надзорниот одбор на ДПТМ,     

-пратениците, министрите или замениците министри, државните секретари избрани од листата на ДПТМ и лицата избрани или именувани од Собранието на Р.Македонија и Владата на Р.Македонија освен лицата чија функција е неспојива со членство во партијата.

-претседателите на Општинските организации,    

-претседателот на Младинскиот демократски форум и Претседателот на Активот на жените, односно вршителите на овие функции во моментот на одржувањето на Конгресот.  

Делегирани членови на Конгресот го сочинуваат:    

-По еден делегат на одреден број на членови на Општинските организации  или подружниците на ДПТМ,  утврден со одлука за свикување на Конгресот.

 

Член 38 

Конгресот е највисок орган на партијата.

Конгресот може да биде редовен или вонреден.

Редовниот Конгрес се одржува на 4 години.

Одлука за свикување на редовен Конгрес донесува Централното Собрание најмалку 3 месеци пред почетокот на работата на Конгресот.

Барање за одржување вонреден Конгрес можат да поднесат 2/3 од членовите на Централното Собрание.

Претседателот е должен во рок од 15 дена од поднесувањето на барањето да свика седница на Централното Собрание.

Одлука за одржување вонреден Конгрес се донесува со 2/3 гласови од вкупниот број на членови на Централното Собрание.

По донесувањето на одлуката на Централното Собрание за одржување на вонреден Конгрес тој се одржува во рок од 90 дена.

Вонреден Конгрес задолжително се свикува доколку претседателот е спречен да ја обавува својата функција повеќе од една година или доколку поднел оставка на функцијата.

Конгресот се конституира од слободно избрани делегати чиј вкупен број како и постапката и критериумите за утврдување  на учесниците на Конгресот ги одредува Централното Собрание со посебна одлука.

Конгресот може да работи и полноважно да одлучува ако на него присуствуваат нај малку 2/3 од вкупниот број делегати.

 

Член 39   

Постапката и критериумите за утврдување на кандидати за претседател на ДПТМ ги одредува Централното Собрание на ДПТМ.

За претседател на партијата е избран кандидат кој добил мнозинство гласови од вкупниот број делегати на Конгресот. 

 

 

Член 40   

Конгресот на ДПТМ:    

- Ја донесува и менува програмата на ДПТМ,    

- го донесува и менува Статутут на партијата, врши измени и дополнување на истиот,    

- го одобрува извештајот за работата на органите меѓу два Конгреса,    

- одлучува за промена на името и симболите на партијата како и за обединувањето со друга политичка партија по претходна расправа во органите на партијата,    

- избира претседател на ДПТМ,    

- избира членови на Централното Собрание на ДПТМ и резервна листа на членови за Централното Собрание на ДПТМ,

- избира членови на Надзорниот одбор на ДПТМ,    

- разгледува и други прашања сврзани со работата на ДПТМ.  

 

Член 41   

Поблиски одредби за работата, изборот на работните тела и органите на Конгресот се утврдуваат со Деловникот за работа на Конгресот.  

 

Член 42

Претседателот на партијата е истовремено и претседател на Централното Собрание и Централниот Управен Одбор.

 

Член 43   

Претседателот на партијата:    

ја претставува и застапува партијата,    

- раководи со партијата меѓу седниците на нејзините органи,    

- ги свикува и раководи со седниците на Централното Собрание и Централниот Управен одбор,    

- ги контролира и ги следи сите партиски активности,    

- се грижи за извршување и реализација на програмата, статутот и другите акти на партијата,   

- активно учествува во креирањето на политиката на партијата,

- склучува договори и потпишува акти и други документи согласно програмата и статутот на партијата,

- донесува одлуки за назначување на потписници на жиро-сметката на партијата

предлага избор и разрешување на 2 (два) до 4 (четири) подпретседатели на партијата и го утврдува делокругот на нивната надлежност,

- предлага избор и разрешување на членовите на Централниот Управен Одбор,

- предлага избор и разрешување на носителите на јавни функции кои ги избира или именува Собранието на Р.Македонија или Владата на Р.Македонија,

- може да запре извршување на одлуки и акти на Централниот Управен Одбор и на другите органи и тела на партијата и за тоа го известува Централното Собрание кое на првата наредна седница се произнесува по истите,

- за својата работа поднесува извештај пред Централното Собрание еднаш годишно,

- извршува и други работи што му се ставени во надлежност во согласност со општите акти и посебните одлуки на партијата.

Мандатот на Претседателот трае 4  години со право на повторен избор.

 

Член 44

На предлог на претседателот на партијата Централното Собрание избира и разрешува генерален секретар со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Централното Собрание.

Мандатот на генералниот секретар трае 4 години со право на повторен избор.

За својата работа генералниот секретар одговара пред Централното Собрание.

Генералниот Секретар по функција е член на Централниот Управен Одбор.

 

Член 45 

Генералниот секретар на партијата:  

- учествува во работата на Централното Собрание и Централниот Управен Одбор,

-ги организира подготвувањето на седниците на Централното Собрание, Централниот Управен Одбор и на другите органи на партијата,

- ја следи и контролира работата на секретарите на подружниците и општинските организации на ДПТМ,

- го следи и евидентира извршувањето на оперативно-политичките ставови, одлуки и заклучоци на партијата,

- се грижи за материјално-финансиското работење на партијата,

- ја организира административната подготовка на Конгресот,

- врши и други работи што ќе ги добие како задачи од претседателот на партијата, Централното Собрание и Централниот Управен Одбор.

 

Член 46   

Централното Собрание на ДПТМ го сочинуваат:    

- Претседателот на партијата,    

Потпретседатели на партијата (избрани од редовите на членовите на Централното Собрание на ДПТМ),  

- генералниот секретар на партијата,    

- пратениците на ДПТМ во Собранието на Р. Македонија,    

- министрите или зам. Министри избрани од листата на ДПТМ,             

- градоначалниците избрани од листата на ДПТМ,    

- претседателот на Младинскиот демократски форум на ДПТМ,    

- претседателот на Активот на жените на ДПТМ,    

47 члена на Централното Собрание што ги избира Конгресот на ДПТМ.  

 

Член 47   

Централното Собрание на ДПТМ претставува највисок орган на партијата меѓу два Конгреса. Централното Собрание на ДПТМ:    

- Раководи со партијата меѓу два Конгреса и се грижи за извршување на неговите одлуки,    

На предлог на претседателот избира и разрешувa подпретседатели ,генерален секретар, 15 члена на Централниот Управен одбор на ДПТМ од кои најмногу 1/3 не мора да се од редот на членовите на Централното Собрание на партијата,  

Утврдува кандидати за пратеници во Собранието на Р. Македонија како и кандидати за органите на локалната самоуправа,    

- Избира Кадровска комисија од непарен број која предлага избор или разрешување на кандидати за носители на јавни функции избрани или именувани од страна на Собранието на Р.Македонија и Владата на Р.Македонија.

Членови на Кадровската комисија по функција се:

-Претседателот на ДПТМ,

- Подпретседателите,

-Генералниот секретар,

- Претседателот на младинскиот демократски форум на ДПТМ,

-Претседателот на активот на жените на ДПТМ.

-Еден член избран од страна на Централното Собрание на ДПТМ.

-Одлучува за соработката и заеднички настап со други политички партии,

- дава политички оценки, и утврдува политички ставови на партијата,   

- решава по жалби на одлуките на Управниот одбор на Собранијата на подружниците или Општинските организации,

- се грижи за законитоста на парламентарните, претседателските, локалните и внатрешно партиските избори,    

- ја води финансиската политика на партијата и располага со нејзиниот имот,    

- ги разгледува и усвојува годишните финансиски планови и извештаи,    

- по потреба основа работни тела за разгледување на прашањата од својата надлежност (одбори, комисии и др.),

- донесува Деловник за својата работа,    

- по потреба разгледува и други прашања сврзани со работата на ДПТМ.  

Мандатот на членовите на Централното Собрание што ги бира Конгресот трае 4 години со право на повторен избор.

 

Член 48

Седницита на Централното Собрание ги свикува и со нив раководи Претседателот на партијата.  

Седниците наЦентралното Собрание може да ги свика и потпретседателот, генералниот секретар на партијата или член на Централен Управен одбор кога тоа е предвидено со Деловникот за работа.  

Седницата на Централното Собрание се свикува најмалку еднаш годишно, на предлог на претседателот или со одлука на Централниот Управен одбор на ДПТМ.  

Централното Собрание се свикува задолжително пред локалните, парламантарните или претседателските избори со цел да се утврдат кандидатите на тие избори.  

Централното Собрание задолжително се свикува по изборите, заради анализа на изборните резултати и утврдување на натамошните активности на партијата.  

Испразнетите места на членовите на Централното Собрание се пополнуваат од резервната листа на кандидати од соодветната организациона единица усвоена на Конгресот на партијата.  

 

Член 49

Централниот Управен одбор на ДПТМ го сочинуваат:     

- Претседателот на партијата,   

- потпретседателите на партијата,   

- генералниот секретар на партијата   

- пратениците на ДПТМ,   

- министрите, замениците министри и државните секретари,

- градоначалниците избрани од листата на ДПТМ   

- претседателот на Младинскиот демократски форум на ДПТМ,  

- претседателот на Активот на жените на ДПТМ и   

- 15 члена на Централниот Управен одбор што ги бира Централното Собрание на ДПТМ, на предлог на претседателот на партијата. 

Мандатот на членовите на Централниот Управен одбор што ги бира Централното Собрание на ДПТМ трае 4 години со право на повторен избор.  

 

Член 50   

Централниот Управен одбор на ДПТМ е политичко извршен орган кој:     

учествува во градењето и изразувањето на политичката воља на партијата,   

- ги реализира заклучоците и ставовите на Централното Собрание на ДПТМ,

- донесува одлуки за основање на подружници и општински организации на ДПТМ,

- го потврдува или одбива изборот на кандидатите за претседатели на подружници и општински организации на ДПТМ,

именува и разрешува општински и регионални координатори,

- донесува правилник за одговорност на членовите на партијата,

- основа дисциплинска комисија која одлучува во втор степен,

- ги обработува прашањето од подрачјето на внатрешните организациони и кадровски прашања и е одговорно за ефикасно спроведување на професионалните работи на партијата,   

- го води тековното финансиско и материјално работење на партијата и донесува соодветни одлуки и други акти,   

- ги разгледува иницијативите, предлозите, мислењата и молбите упатени до него од соодветните организациони единици на партијата,   

- формира по потреба, работни тела за решавање на прашањата и извршување на задачите од неговата надлежност,   

- донесува акти и ги решава сите прашања од областа на работните односи во партијата,     -донесува акт за висината и начинот на плаќањето на чланарината,     

- ги разгледува прашањата од сверата на внатрешната и надворешната политика на партијата,     

- именува благајник на партијата,   

- ги разгледува и на Централното Собрание на партијата ги предлага кандидатите за парламентарните, претседателските и локалните избори,   

- донесува Деловник за својата работа,     

- Обезбедува повратна информација на Централното Собрание и на општинскита организации  или подружниците на ДПТМ за активностите на Централниот Управен одбор меѓу две седници на Собранието.  

Седниците на Централниот Управен одбор ги свикува и со нив раководи Претседателот на ДПТМ.  

Седниците на Централниот Управен одбор може да ги свика и со нив да раководи и потпретседателот, генералниот секретар или член на Централниот Управен одбор, кога тоа е предвидено со Деловникот за работа.  

Испразнетите места на членовите на Централниот Управен одбор се пополнуваат со одлука на Централното Собрание на ДПТМ по предлог на органите на соодветната организациона единица. 

 

Член 51

Централниот Управен одбор може да донесува одлуки и од надлежност на Централното Собрание кога тоа го налага посебната ситуација,за тие одлуки ги информира членовите на Централното Собрание и на првата наредна седница на Централното Собрание ги поднесува на одобрување.

 

Член 52

Советот на ДПТМ е советодавно тело составено од 15-20 истакнати научни, културни и јавни работници.  

Основната задача на Советот е со своите предлози и сугестии до Конгресот и Централното Собрание на ДПТМ да помогне во заземањето ставови по стратешките прашања на партијата.  

Седниците на Советот ги свикува и со нив раководи претседателот на Советот, што го избира Централното Собрание на ДПТМ.  

Мандатот на претседателот и членовите на Советот трае 4 години, со право на повторен избор.  Претседателот се бира по принцип на ротација секоја година.

Работата на Советот се регулира со посебен правилник.

 

Член 53   

Надзорниот одбор на ДПТМ се состои од 5 члена.  

Надзорниот одбор од својот состав избира претседател на одборот.  

Мандатот на претседателот и членовите на Надзорниот одбор трае 4 години, со право на повторен избор.  

Надзорниот одбор на ДПТМ ја разгледува финансиската и деловната активност на партијата и на сите нејзини облици на организирање,    

-ја оценува статутарноста на актите и одлуките,    

-дава толкување на Статутот меѓу две седници на Конгресот и поднесува извештај за својата работа на Конгресот.  

Надзорниот одбор има пристап кон сите релевантни документи и податоци, а за тоа е одговорен Претседателот на ДПТМ.  

Надзорниот одбор одлучува по жалби на одлуки на Централното Собрание на ДПТМ.

 

V. ОДЛУЧУВАЊЕ

Член 54

Органите на ДПТМ полноважно одлучуваат ако на состаноците се присатни повеке од половината членови кои ги сочинуваат органите, а одлуките се донесуваат со мнозинство гласови од присутните.

Ако за исто прашање постојат повеке предлози се гласа за секој предлог посебно, и за усвоен се смета оној предлог што добил мнозинство гласови од присутните.

Со Деловникот за работа или со посебна одлука, може да се предвиди и посебна постапка за усвојување на одлуките во повеке кругови, при што последователно отпаѓаат предлозите со најмал број гласови, се додека не се утврди дека некој од предлозите добил мнозинство гласови од присутните.

Постапката за усвојување на одлуките на Конгресот на ДПТМ е утврдена со Деловникот за работа на Конгресот на партијата.

 

VI. ИЗБОРИ

Член 55

Постапката, начинот и критериумите за кандидирање и избор на членовите на органите и носители на функциите во органите се утврдуваат со одлука на Централното Собрание на ДПТМ.  

 

Член 56 

Изборот на носителите на функции во ДПТМ се врши со тајно гласање.

Избрани се оние кандидати што добиле најголем број гласови односно мнозинство од присатните, но притоа треба да имаат повеќе од 1/3 гласови од вкупниот број членови на избирачкото тело. 

Доколку во првиот изборен круг не биде избран ниту еден од кандидатите, во вториот круг влегуваат двајцата кандидати кои освоиле најмногу гласови, а за избран се смета кандидатот кој добил најголем број гласови, под услов тој да е поголем од 1/3 од вкупниот број на гласачкото тело.  

Доколку и во повторениот круг кандидатите имаат ист број на гласови, постапката за избор се повторува со нови кандидати.  

Предложените листи на кандидати треба да содржат поголем број кандидати од бројот кандидати што се избира. 

 

Член 57   

Изборот на членовите на органите на ДПТМ се врши со тајно гласање.  

Гласањето се врши за секој кандидат поединечно, при што се избрани оние кандидати што добиле наајголем број на гласови, под услов бројот на гласовите да е поголем од 1/3 гласови од вкупниот број на членовите на избирачкото тело.  

Ако при гласањето не е избран потребниот број на членови на органот, дополнително се избираат онолку кандидати колку што е потребно да се пополни составот на органот на начин што ке го утврди избирачкото тело.   Во сите органи на ДПТМ пожелно е да има најмалку 20% членови помлади од 30 години.  

Во сите органи на ДПТМ пожелно е да има најмалку 20% членови од понежниот пол.  

Предложените листи на кандидати треба да содржат поголем број кандидати од бројот кандидати што се избира. 

 

Член 58

Постапката, начинот и критериумите за утврување на кандидати за пратеници во Собранието на Р. Македонија, претседател на државата, органите на локалната самоуправа и извршната власт на Р. Македонија се утврдуваат со правилник, што го донесува Централното Собрание на ДПТМ. 

 

VII. ПРАТЕНИЦИ НА ДПТМ

Член 59

Пратениците на ДПТМ во Собранието на Р. Македонија се истовремено и членови на Централното Собрание и на Централниот Управен одбор и ја координираат работата на ДПТМ и Собранието на Р. Македонија.      

 

 

Член 60

Пратениците на ДПТМ формираат парламентарна група во Собранието на Р. Македонија, доколку за тоа има доволен број пратеници.  

Членовите на парламентарната група од своите редови избираат координатор и заменик координатор на парламентарната група.  

Доколку ДПТМ, нема доволен број пратеници за формирање на парламентарна група, пратениците делуваат самостојно или се приклучуваат кон парламентарната група на коалиционите партии или партијата со слични програмски определби.  

 

Член 61

Одредбите од оваа глава на Статутот соодветно се применуваат и за советниците од редовите на ДПТМ. 

 

 

VIII. ДРУГИ ОРГАНИЗАЦИОНИ ОБЛИЦИ

а. Младински демократски форум на ДПТМ 

 

Член 62   

Младинскиот демократски форум на ДПТМ е организација на младите која дејствува во рамките на ДПТМ и која задолжително ги прифаќа и остварува програмските документи на партијата.   Одлука за основање и распуштање на Младински демократски форум на ДПТМ донесува Централното Собрание на ДПТМ.   

 

Член 63

Во Младинскиот демократски форум на ДПТМ, освен членови можат да членуваат и симпатизери на ДПТМ.  

 

Член 64

Членовите на Младинскиот демократски форум, избираат сопствени органи на сите организациони нивоа и делегираат свои претставници во органите на ДПТМ.  

 

Член 65

Претседателот на Младинскиот демократски форум, е истовремено член на Централното Собрание и Централниот Управен одбор на ДПТМ.  

 

Член 66

Младинскиот Форум на ДПТМ делува врз основа на политичките насоки определени од програмата, статутот на партијата и деловникот за организациона поставеност и работа на органите на Младинскиот Форум на ДПТМ.

 

б.Актив на жени на ДПТМ

 

Член 67 

Активот на жените,е организација на жените која дејствува во рамките на ДПТМ и која ги прифаќа и остварува програмските документи на партијата.   Одлука за основање и распуштање на Активот на жените на ДПТМ, донесува Централното Собрание на ДПТМ.  

 

Член 68

Во Активот на жените на ДПТМ освен членови, можат да членуваат и симпатизери на ДПТМ.  

 

Член 69

Членовите на Активот на жените, избираат свои органи на сите организациони нивоа, и делегираат свои претставници во органите на ДПТМ. 

 

Член 70

Претседателот на Активот на жените на ДПТМ, е истовремено член на Централното Собрание и Централниот Управен одбор на ДПТМ. 

 

Член 71

Организационата поставеност и односите со ДПТМ се регулираат со посебен правилник на Активот на жените на ДПТМ. 

 

в. Организациони единици на ДПТМ во странств

 

Член 72

Организациони единици на ДПТМ во странство се организациони центри на државјаните на Р. Македонија на привремена работа во други држави кои ги прифаќаат програмските документи на ДПТМ.  

Одлука за основање и распуштање на организационите единици на ДПТМ во странство донесува Претседателот или Централното Собрание на ДПТМ.

 

Член 73

Организационата поставеност и односите со ДПТМ, како и облиците на меѓусебно поврзување на организациони единици на ДПТМ во странство се регулира со посебен правилник.

 

 

IX. ФИНАНСИРАЊЕ НА ПАРТИЈАТА

Член 74

ДПТМ и неговите организациони облици се стекнуваат со финансиски средства и друг имот од:    

- Буџетот на Р. Македонија,    

- партиска чланарина,    

- донации,подароци и прилози од членови и симпатизери,    

- приходи од физички и правни лица до висината на законскиот максимум,    

- приходи од сопствен имот,    

  -сопствена стопанска дејност во сообразност со условите и начините утврдени со закон.  

ДПТМ и неговите организациони облици не можат да се стекнат со финансиски средства од:    

- влади, меѓународни институции, органи и организации на странски држави и др. странски лица,   

- од државни органи, органи на локална самоуправа, надвор од средствата предвидени со буџетот на Р. Македонија,  

- од претпријатија со општествена и државна сопственост, вклучувајки ги и тие што го започнале процесот на приватизацијата.  

Централниот Управен одбор на ДПТМ, утврдува посебен правилник за материјално финансиското работење на партијата.   

 

X. СТОПАНИСУВАЊЕ НА ДПТМ И ИЗДАВАЧКА ДЕЛНОСТ

Член 75

ДПТМ може да извршува стопанска и друга дејност, кога тоа е со закон дозволено.  

ДПТМ може да биде основач и соосновач на претпријатие и други организациони облици за вршење на стопанска или друга дејност.  

Централното Собрание на ДПТМ управува со имотот и е одговорно за исполнување на правата и обвеските кои произлегуваат од стопанисувањето и издавачката дејност.  

Престанокот со членувањето на ДПТМ, престанокот со работа или распуштањето на организационите облици не дава никакви права врз имотот на ДПТМ. 

Централното Собрание на ДПТМ со посебни акти и одлуки ги уредува правата и обврските на деловниот директор одговорен за стопанисувањето на ДПТМ.  

 

Член 76   

За презентирање на политичките ставови на партијата и стекнување приходи, ДПТМ организира издавачка дејност која опфаќа: издавање книги, весници, списанија и други јавни гласила а може да основа Радио и ТВ.  

Одлука за основање јавни гласила од став 1 на овој член донесува Централното Собрание на ДПТМ, кој со посебен акт може да ги уреди прашањата во врска со издавачката дејност, и е носител на правата и обврските што според закон ги има издавачот.

 

XI. ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ

а. Престанок на функцијата на органите на партијата

 

Член 77

Функцијата на органите на партијата престанува заради отповикување или поднесување оставка.  

Одлука за отповикување член на органот или носител на функција, донесува органот на соодветно ниво на организирање, на начин на кој е избран членот на органот или носителот на функцијата.  

Во случај на отповикување, функцијата престанува во моментот на објавувањето на резултатите од гласањето на отповикување, а во случај на оставка со нејзиното поднесување и прифаќање од надлежниот орган.  

Место отповиканиот член на органот на соодветното организационо ниво или членот чија оставка е усвоена, неговото место се пополнува со нов член од организационата единица од каде е отповиканиот член, односно член чија оставка е усвоена.  

Место отповиканиот член на Централното Собрание на ДПТМ или член на Централното Собрание чија оставка е усвоена, неговото место се пополнува со член од резервната листа на претходно утврден редослед усвоен на Конгресот на ДПТМ.  

 

Член 78

Предлог за отповикување можат да поднесат: Собранието на подружницата на ДПТТМ, Собранието на општинската организација, Управниот и Надзорниот одбор на соодветното организационо ниво и Централното Собрание на ДПТМ.  

Претседателот на ДПТМ може да поднесе предлог за отповик на претседателот или Управниот одбор на подружница или општинската организација поради делување спротивно на Статутот и програмските документи на партијата.  

Предлог за отповикување на член на Републичките органи на партијата можат да поднесат: Претседателот на ДПТМ или најмалку 1/5 од делегатите на Конгресот.  

Членот на Централниот Управен одбор се отповикува на начин на кој што е избран на таа функција а предлогот можат да го поднесат: Претседателот на ДПТМ, Централниот Управен одбор, Надзорниот одбор или најмалку 1/3 членови на Централното Собрание на ДПТМ.  

Претседателот на ДПТМ се отповикува на начин на кој што е избран на таа функција, а предлогот може да го поднесе: Централниот Управен одбор, Надзорниот одбор, најмалку 1/3 членови на Централното Собрание на ДПТМ или најмалку 1/3 од Општинските организации  или подружници на ДПТМ.  

Предлогот за отповик на член на органот или носителот на функција на соодветно ортганизационо ниво, се доставува до органот во писмена форма со образложение за причините за отповикот.  

Органот е должен да одлучува за отповикот на член на органот или носителот на функција најкасно во рок од три месеци од денот на доставувањето на предлогот, а за отповик на Претседателот на ДПТМ најкасно во рок од 6 месеци од денот на доставувањето на предлогот.  

Членот на органот или носителот на функција кој што со одлука е отповикан од должноста, има право на жалба во рок од 15 дена до Надзорниот одбор на ДПТМ, чија одлука е конечна.  

 

Член 79

Оставка на функција се поднесува до соодветниот орган.  

Подносителот на оставката е должен писмено да ја образложи оставката.  

Органот е должен да ја констатира оставката на функција најкасно 3 месеци од денот на објавувањето на оставката.  

Оставка на функцијата Претседател на ДПТМ ја констатира вонредниот Конгрес на ДПТМ најкасно 3 месеци од денот на објавувањето на оставката.

 

б. Распуштање на организационен облик на ДПТМ 

 

Член 80

Централното Собрание на ДПТМ може да донесе одлука за распуштање на организационен облик на ДПТМ, заради целосно престанување на неговата работа или намалување на обемот на дејноста, како и дејствување спротивно на програмските, статутарните и политичките цели на партијата.  

Против одлуката за распуштање на организационен облик на ДПТМ, може да се поднесе жалба до Надзорниот одбор на ДПТМ во рок од 15 дена.  

Одлуката на Надзорниот одбор е конечна.

 

в. Стручна служба на партијата

 

Член 81

Заради извршување на стручни, административни и други работи партијата основа стручна служба.  

Централниот Управен одбор на ДПТМ ги донесува општите акти со кои се уредува организацијата и работата на службата, како и одлуките сврзани со правата и обврските од работниот однос, доколку со овој Статут или со друг општ акт не е поинаку определено.

 

XII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 82

ДПТМ може да престане да дејствува:    

 -Кога на партијата и е забрането дејствување со правосилно решение на надлежниот суд,    

 -кога бројот на членовите ке се намали под законски определениот број за негово основање,   

 -со одлука на Конгресот за кое е потребно двотретинско мнозинство од вкупниот број делегати на Конгресот а по претходна јавна расправа во партијата.  

За престанок на ДПТМ во случаевите на став 1, 2 и 3 од член 80 Претседателот на партијата или овластеното лице од него го известува соодветниот суд во Скопје, заради бришење на партијата од судскиот регистар.  

Во случај на престанок на работата на ДПТМ, Конгресот решава на кого ке му го отстапи целокупниот имот на партијата, заедно со финансиските средства  (културно уметничките друштва на Турците, невладините организации на Турците, фондовите за социјална помош, Исламската верска заедница и сл.). 

 

Член 83

Претходник на ДПТМ е Демократскиот Сојуз на Турците како здружение на граѓани со општествено политички цели и задачи.   Партискиот стаж на членовите на ДПТМ се смета од времето кога станале членови на Демократскиот Сојуз на Турците.

 

Член 84

Измени и дополнувањата на Статутот, како и усвојување на нов Статут на ДПТМ ги врши Конгресот со мнозинство гласови од вкупниот број членови.

 

Член 85

Овој Статут стапува во сила со денот на донесувањето. 

 

Член 86

Сите општи акти на партијата мораат во рок од 90 дена да се усогласат со одредбите на овој Статут. 

 

 

 

18.12.2016

 

Скопје


cheap jordans|wholesale air max|wholesale jordans|wholesale jewelry|wholesale jerseys